Македонските институции и македонскиот здравствен систем соодветно се справи со трагедијата во Кочани

Македонските институции и македонскиот здравствен систем се справи повеќе од соодветно со трагедијата во Кочани. Тоа беше заклучокот на првиот панел „Европски механизам за цивилна заштита и меѓународниот одговор: координација, солидарност и искуства“ во рамките на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани“, што се одржува денеска во Скопје.
Панелистите, министрите за внатрешни работи Панче Тошковски и за одбрана Владо Мисајловски, директорот на СОЗР Ивица Томовски, д-р Игор Мерџановски, директор на ТОАРИЛУЦ, Сиен Ванломел, програмски офицер DG ECHO Центар за координација при итни ситуации и Валентина Атанасовска од одделението за меѓународна соработка при ДЗС, чиј модератор беше директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клекоски, изразија сочувства до семејствата на загинатите и благодарност до сите што помогнаа во справувањето со трагедијата, посебно до докторите и целиот медицински персонал, кој неуморно работеше во спасување на што повеќе животи.
Министерот Тошковски забележа дека симулациската вежба за цивилна заштита која беше реализирана непосредно пред трагедијата во Кочани, со учество на МВР, Министерството за здравство, Црвениот крст, Противопожарната служба на Град Скопје, била поучна за тоа што треба да се подобри како да изреагираат во иднина.
- За жал, на неколку месеци по изведувањето на вежбата, која беше симулација, се случи вистинска трагедија на 16 март. Навистина сметам дека на таква трагедија ретко која држава може да одговори максимално ефикасно, брзо и соодветно. Тоа беше ужасна трагедија и се надевам дека никогаш повторно нема да ни се случи нешто слично, рече Тошковски.
На денот на трагедијата, но и деновите потоа, нагласи, Министерството ангажирало околу 3.000 полициски службеници, кои покрај обезбедувањето на местото на настанот, извршиле увид, ги преземале сите криминалистичко-оперативни активности поврзани со кривично-правниот настан и биле вклучени во сите дејства што следеа поврзани со спасувањето на човечки животи, транспорт на пациентите и слично.
- Вкупно 115 повредени лица беа транспортирани до странски здравствени установи, каде полициските служби продолжија да обезбедуваат поддршка. Специјални полициски сили со две медицински возила дадоа придонес за транспорт на повредени лица, беа вклучени двата хеликоптери на Министерството за внатрешни работи, граничната полиција, лица од Одделот за управни работи кои брзо ги издаваа сите потребни документи за повредените или нивните семејства, доколку некој немаше, рече Тошковски.
Министерот за одбрана Мисајловски истакна дека многу процеси се воделе преку Министерството и Армијата и оти искомуницирал со многу амбасадори и министри за одбрана за активирање на сите достапни капацитети, посочувајќи дека и Министерството за одбрана и Армијата секогаш им помагаат на соседните земји кога е потребно.
Изрази благодарност до Армијата и сите униформирани лица, нарекувајќи ги лекарите херои, подвлекувајќи дека во тие моменти координацијата била клучна за транспортот, логистиката и сместувањето на повредените.
- Сакам да се заблагодарам на Армијата, на секое униформирано лице, на полицијата и на сите лекари – бидејќи тие се хероите. Ние сме политичари, менливи и минливи, но брзата координација од сите нас направи луѓето на терен да работат напорно и да спасуваат човечки животи. Луѓето во белите мантили, докторите, се најголемите херои кои се справуваа со кризата. Сакам да изразам благодарност и до амбасадорите и воените аташеа – вашата поддршка беше неизмерна, рече Мисајловски.
Комуникацијата со амбасадорите, конзулите и воените аташеа овозможила да се обезбедат хеликоптери и авиони за секое дете да биде пренесено во соодветни медицински центри.
- Пред се беа воени медицински центри и најголемиот дел на прелетите се реализираа преку нашата операција... Во такви кризни состојби давате се од себе да се помогне. Треба да се направи систем кој ќе функционира. Овој систем од ЕУ FN е можеби најдоброто решение за да се напрви можност како да се помага за разни видови жаришта и кризи. Но, секогаш, за жал, ќе постојат кризи. И во тој момент нам ни требаат национални ресури како да помагаме и ни треба систем. Систем кој долго време и дали намерно низ годините бил разурнат, кој што системски треба да го градиме сите како институции, за во еден даден момент на кризи да покажеме и ние како дражава дека можеме сами да се справуваме, но и да пружиме помош кон сите соседи, нагласи Мисајловски.
Присуството на семејствата и блиските на повредените во процесот на лекување во странство беше овозможено преку СОЗР, за што директорот Томовски подвлече дека „не постојат зборови со коишто може да ги утешиме или да им ја намалиме болката, но постојат дела со коишто може нешто да направиме, да им олесниме да ја пребродат побрзо оваа болка“.
Тој се наврати на вонредната владина седница на која биле издвоени 30 милиони денари за помош на семејствата, да можат да бидат во непосредна близина на повредените коишто отпатуваа надвор од нашата држава, да им бидат логистичка поддршка, да бидат од помош се што им треба таму додека престојуваат и се лекуваат.
- Нашата обврска беше да обезбедиме авионска карта или било каков превоз за нивните најблиски роднини и пријатели, да обезбедиме хотелско сместување во непосредна близина на болниците каде што се лекуваат. Заради таа цел отворивме еден телефонски број. Тоа е мојот службен телефон, каде што сите коишто имаат било каква потреба, а се засегнати од овој настан, да може да се јават. Имавме јавувања и прашања од различни аспекти, не само од транспорт на луѓето. Би сакал да потенцирам дека за 227 лица е обезбедено хотелско сместување, авионска карта и враќање. Извршени се 99 возења со службените возила на државата до соседните држави, рече Томовски.
Во однос на процесот на враќање голема беше поддршката од Министерството за надворешни работи, односно конзуларните претставништва и амбасадите како логистика на терен.
- Бидејќи носите пациент на лекување не знаете кога ќе се врати. Заради тие причини многу ни беа потребни тие конзуларни претставништва да може да координираат со хотелите каде што се сместени луѓето, да имаат разум да не очекуваат од нас да им кажеме колку точно денови ќе престојуваат, бидејќи и ние не знаеме. Како што ги однесовме така и ги вративме пациентите. Можам да кажам дека има уште пациенти кои одат на дополнителни проверки во странство, заедно во координација со Министерство за здравство и здравствените работници утврдуваат кој пациент треба да продолжи со лекување во странство, појасни Томовски.
Како позитивна ја оцени и одлуката за донаторската сметка да биде на Црвениот крст како независна институција.
Несреќата во Кочани, според директорот на ФЗОМ Клекоски, е втората најголема во модерна Македонија по земјотресот во Скопје. По број на загинати е четврта несреќа, но по број на повредени е втора.
- Тоа го кажувам, да укажам, дека Македонија, институциите и здравствениот систем се соочи со предизвик, кој се случува еднаш во 100 години, и дека во тој процес се донесоа исправни одлуки. Прво, дека ниту еден национален систем не е подготвен сам да се справи со ваква масовна несреќа со тип на изгореници, бидејќи е многу специфичен третманот во вакви несреќи. Ниту Швајцарија ниту други европски земји со многу посолидни здравствени системи од македонскиот не се справуваат. Имаше навремена реакција на сите нивоа од локално Кочани, регионално, сите здравствени установи Штип до здравствениот систем во Скопје, имаше навремена реакција и првиот транспорт се случи само 10 часа по несреќата и првата помош стигна од соседите на кои посебно сме им благодарни. Но и нивните капацитети беа надминати и раното вклучување на европскиот механизам се покажа како важно, заклучи Клекоски.
Според него, македонските институции покажале невидено ниво на меѓу институционална координација.
- Таква хоризонтална координација ретко се гледа во еден животен век и сакам посебно да го истакнам и како резултат на тоа повеќе од 200 поведени, згрижени, пред се во македонските болници, 115 згрижени во странски болници. Резултатот е дека спасивме огромно мнозинство од животите, кои беа загрозени, подвлече Клекоски.
За моментите во справувањето со несреќата зборуваа и директорот на ТОАРИЛУЦ, Сиен Ванломел, програмски офицер DG ECHO Центар за координација при итни ситуации и Валентина Атанасовска, од одделението за меѓународна соработка при ДЗС.
Доктор Игор Мерџановски истакна дека моментите по големите несреќи остануваат како тивок потсетник на кревкоста на животот, но и на хуманоста, солидарноста и пожртвуваноста на медицинските тимови. Тој говореше за мобилизацијата и подготвеноста да помогнат и да се борат за секој човечки живот.
Ванломел, пак, нагласи дека од најголема важност е да се има силна структура за координација на национално ниво, постапки и закони кои ќе овозможат многу брзо да се активира меѓународната помош доколку е потребна и оти е важно да се ангажираат националните капацитети и европскиот систем за заштита особено кога има лица со изгореници потребен е капацитет за да се даде првата нега.
Атанасовска ја нагласи соработката и координацијата меѓу државите за овозможување на пациентите да бидат навреме хоспитализирани и оти процесот се одвивал брзо и навреме успеале сите тешко повредени пациенти да ги транспортираат во центрите за третирање на таков тип повреди.
МИА
Ново на Сител
-

18-годишен мотоциклист загина во сообраќајна несреќа во Чаир
-

Работник починал по пад од висина во Скопје
-

Македонските институции и македонскиот здравствен систем соодветно се справи со трагедијата во Кочани
-

Томовски: По трагедијата во Кочани, како институции имавме должност да реагираме брзо, одговорно и солидарно
-

Мицкоски: Трагедиите не смеат да останат без одговори, општеството има право да ја знае вистината - им го должиме тоа на жртвите
-

Уапсен скопјанец, при претрес пронајден кокаин подготвен за продажба
-

Приведен 15-годишник, се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во тетовско средно училиште
-

Нападната Амбасадата на САД во Ирак
