Македонските кикбокс судии со меѓународни признанија и лиценци
Македонските меѓународни судии во кикбокс повторно го потврдија својот квалитет и професионалност на меѓународната сцена. На неодамнешното првенство во Италија, Елена Костадиновска, која воедно е и претседател на судиската комисија во националната федерација, повторно се стекна со престижната меѓународна А лиценца.
На истиот настан, македонските натпреварувачи остварија значаен успех освојувајќи вкупно осум медали – четири златни, едно сребрено и три бронзени.
Дополнително признание доби и Никола Бубевски, кој беше пофален за своето професионално и праведно судење. Како резултат на тоа, тој се стекна со меѓународна Б лиценца.
Овој успех претставува значаен чекор напред не само за судиите, туку и за македонската кикбокс федерација, која со вакви кадри добива поголемо влијание во судискиот систем на WAKO.
Во наредниот период се очекува судиите да го пренесат своето знаење и искуство на домашната сцена, со цел да се обучат нови генерации национални судии и да се зголеми македонското присуство во меѓународните судиски состави, што ќе придонесе за уште пофер и поквалитетно судење.




Ново на Сител
-

Претседателката ги додели наградите Women in Tech
-

Средба Мицкоски - Пленовиќ во Охрид
-

Заемот од 260 милиони евра на пленарна седница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче му верува на Радев дека уставните измени се последниот услов
-

Лакавица остана без род од овошките заради една ноќ со минусна температура
-

Нови напади САД-Иран среде преговори
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
