Македонските кикбоксери во поход на балкански медали: 108-члена репрезентација ќе настапи во Нови Сад

Македонската кикбокс елита во поход на балкански медали – 108 членови на репрезентацијата ќе настапат во Нови Сад
Во периодот од 29 до 31 мај 2026 година во Нови Сад, Република Србија, ќе се одржи Балканското кикбокс првенство за сите возрасни категории, во организација на WAKO Balkan.
Кикбокс Маитаи Федерацијата на Македонија на ова значајно регионално натпреварување најголемиот дел од трошоците ги покрива самостојно, но вредно е да се напомене дека овојпат во реализацијата симболично ни помогна и Министерството за спорт.
Македонските кикбоксери ќе настапи со репрезентација составена од натпреварувачи, тренери, судии и службени лица од 21 клуб од државата.
Македонската репрезентација ќе ја предводи претседателот на Кикбокс Маитаи Федерацијата на Македонија, Дејан Митровски – Урко, кој воедно ја извршува и функцијата претседател на WAKO Балканската федерација.
Во составот на репрезентацијата се вклучени претставници од следните клубови:
- Шампион – Скопје (16)
- Енерџи – Битола (8)
- Гладијатор фајт– Штип (3)
- Патриот – К.Паланка (5)
- Аждер – Гевгелија (3)
- Куманово 2006 – Куманово (3)
- Будо – Кавадарци (8)
- Предатор – Куманово (3)
- Самурај – Битола (5)
- Арена – Струмица (2)
- Гладијатор – Скопје (7)
- Про Кик Фемили – Скопје (8)
- Феникс – Росоман (5)
- Наско тим - Скопје (3)
- Зоран Тим – Струмица (1)
- Лидер – Виница (4)
- Ронин – Прилеп (4)
- Адреналин – Радовиш (2)
- Комбат – Радовиш (1)
- Адора – Скопје (4)
- Бобан Илиоски – Скопје (5)
Репрезентацијата брои вкупно 108 учесници, од кои:
- 4 судии
- 18 тренери
- 86 натпреварувачи
Во рамки на репрезентацијата ќе настапат кадети, јуниори и сениори во дисциплините на татами и ринг, во машка и женска конкуренција.
Претседателот на федерацијата, Дејан Митровски – Урко, пред заминувањето за Нови Сад изјави дека очекува успешен настап и голем број медали од македонските натпреварувачи.

„Очекуваме многу медали и достојно претставување на Македонија. На сите наши борци им посакувам успех, добри борби и добри ждребови. Верувам во нивниот квалитет, подготвеност и борбен дух“, изјави Митровски.
Настапот на Балканското првенство претставува продолжение на континуираните активности на федерацијата за афирмација на македонскиот кикбокс на меѓународна сцена, како и можност за стекнување меѓународно искуство, спортска афирмација и остварување врвни резултати.
Од репрезентацијата се очекува достојно претставување на Македонија и борба за највисок пласман во повеќе возрасни и тежински категории.
Ново на Сител
-

Државата ќе гради Национален дата-центар
-

Пет лица под лупа на ДКСК поради истовремено извршување повеќе функции
-

Се е подготвено за вечерашниот старт на Пиво фест, ќе трае до недела, се очекуваат гости од цела Македонија
-

Поплавени објекти и оштетени возила по големото невреме кое синоќа ја погоди Битола
-

Тема на денот со Драган Тилев, поранешен државен советник за европски прашања
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Над 1000 граѓани во болница, пумпи со вода од Вардар биле приклучени на градскиот водовод!?
-

Забрана за користење на водата во Гостивар
