-->
-->
Македонските кошаркарки ја пречекуваат Србија во квалификациите за Евробаскет 2025
-->
Македонската женска кошаркарска репрезентација, вечерва од ја пречекува Србија. Ова е натпревар од 2. коло во квалификациите за Евробаскет 2025 година.
Избраничките на селекторот Александар Ашаданов ќе се соочат со еден од најдобрите европски селекции во изминатата деценија.
Една од најискусните кошаркарки во македонскиот состав, Нена Трајчевска, очекува многу тежок натпревар.
– Очекувам еден многу тежок натпревар, бидејќи сите знаеме каква екипа имаат Србија и каде рангираат во женската кошарка во светот. Тие се апсолутни фаворити и таа улога им ја препуштаме без никакво размислување и со голем респект кон нив. Тоа не значи дека ние ќе излеземе на терен исплашени, и без желба за докажување и играње против тие девојки. Ќе дадеме максимум да се покажеме во најдобро светло, и оставиме една слика која ќе ни биде мотив за сите идни заеднички собири и натпревари, истакна Трајчевска.
Натпреварот ќе се игра во СРЦ „Кале“ во Скопје со почеток во 18 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од еко сапуни до соларни прочистувачи, средношколците нудат реални решенија за климатските промени
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
