-->
-->
Македонските млади фудбалери У17 и покрај поразот продолжуваат во елитните квалификации
-->

Македонска фудбалска репрезентација за играчи до 17 години со пораз 0:3 од своите врсници од Турција го заврши настапот во квалификациската група 11 на второто место и на тој начин избори место во елитните квалификации. Стрелци на головите за Турција беа: Дениз, Кабакташ и Сиваслиоглу.
Денешниот пораз не влијаеше на конечниот пласман на македонските надежи особено што во првите две кола беа совладани Унгарија со 3:2 и Сан Марино со 1:0 и освоија шест бодови.
Првото место во групата го освои Турција со максимални девет бодови, додека во вториот денешен дуел Унгарија го победи Сан Марино со 3:2 и на тој начин го избегна последното место во групата.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Четири лица приведени за тероризам
-

Македонија одбележува 35 години Устав
-

Владата донираше три нови амбулантни возила за Здравствениот дом Струмица
-

Започна предврeмениот откуп на тутун, се откупува само во прва по цена од 435 денари за килограм
-

Преглед на вестите од светот
-

Кристијан Корабоски без притвор
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, СДСМ
-

Обвинителството бара притвор за охриѓанецот
