Македонските превозници го блокираа „Ќафасан“ за товарни возила, патничкиот сообраќај се одвива непречено

Македонските превозници денеска напладне го блокираа сообраќајот за товарни возила за излез од државата на граничниот премин „Ќафасан“.
Митко Крстаноски, сопственик на транспортна компанија за МИА информира дека протестот поради воведувањето на новиот систем за влез и излез (ЕЕС) на Европската Унија, се одвива мирно, организирано и согласно договорот.
-Досега паркирани се 35 камиони, но до крајот на денот очекуваме зголемување на бројот. Остануваме тука до исполнување на нашите барања од страна на Брисел, вели Крстаноски.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, потврди дека протестот тече мирно, без никакви проблеми и нарушувања на јавниот ред и мир.
-Возачите на товарни возила на мирен начин го искажуваат револтот. Протокот на сообраќај за патнички возила на ГП „Ќафасан“ се одвива непречено во редовна постапка и без поголеми задржувања, изјави Димоски.
Покрај „Ќафасан“, македонските транспортери денеска ги затворија за сообраќај и граничните премини Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Блато и Блаце.
МИА
Ново на Сител
-

Повторени избори во 4 општини
-

ДИК бележи намалена излезност
-

МВР нема регистрирано инциденти
-

100 евра казна на лице место ако ве фатат со цигара каде е забрането
-

Се нормализира состојбата во западна Македонија по обилните врнежи од дожд
-

Штипските пекари ги „замрзнаа“ цените на лебот и пецивата
-

Иран предупреди: Американската војска и Израел ќе бидат легитимни цели ако САД нападне поради протестите
-

Преглед на вестите од светот
