Македонија
11. January 2026 - 16:31

Штипските пекари ги „замрзнаа“ цените на лебот и пецивата

Штипските пекари ги „замарзнаа“ цените на лебот и пецивата. Поскапување нема да има, иако се најавени покачувања на цената на електричната енергија, а се зголемуваат и трошоците за одржливо производство. 

- Сега за сега немаме информација дека ќе биде зголемена цената на брашното и на енергенсите. Струјата е минимално покачена, но тоа нема да се одрази на цената на производот, бидејќи ќе го искалкулираме со некои други работи за да заштедиме енергија. Нема да имаме покажување на цените во догледно време. Млинарите имаат залиха и тие ни ветија дека цената на бражното нема да се зголеми. Ние направивме нарачка за до наредната жетва, така што, се надевам дека нема да се случи нешто не предвидено за да имаме корекција на цената на лебот и пецивата, изјави Николче Малинов, пекар од Штип.

За работа во пекарската индустрија потребен е занает. Пекарите долго време се трудат да најдат квалификувана работна сила. Еден од начините на кој го решаваат овој проблем е користење на измената на законските уредби, со кои им се дозволува да вработуваат пензионери. Вториот извор на обучен кадар го гледаат во сезонските работници кои преку лето работат во угостителски објекти во туристичките центри.

- Ние мора да се снаоѓаме и ги користиме сите законски можности кои ни се на располагање, додаде Малинов

Во моментов, цената на лебот во Штип се движи околу 30 денари, во зависност од грамажата и квалитетот. Сепак, пекарите внимателно ја следат состојбата и предупредуваат дека евентуален иден пораст на цените на суровините или енергенсите може да предизвика поскапување.