Македонските тенисери елиминирани во квалификациите на „Macedonian Open 2025“

Калин Ивановски ќе биде единствениот домашен тенисер во главната рунда на Челинџерот „Macedonian Опен 2025“ која стартува во вторник, откако четворицата македонските тенисери во квалификациите претрпеа денеска елиминација.
Стефан Мицов го загуби дуелот со 2-0 во сетови (6-4, 6-4) во сетови за 1 час и 36 минути од Жерар Кампана Ли од Јужна Кореја, кој лани беше полуфиналист на Челинџерот во Скопје.
Со 2-0 во сетови (6-2, 6-3) загуби и најмладиот македонски тенисер Амар Хусеиновиќ во пресметката со Нермин Фатиќ од Босна и Херцеговина.
Претходно денеска, порази во квалификациската рунда претрпеа и Обрад Марковски и Берк Бугариќ.
Марковски загуби од Даниел Михалски од Полска со 2-1 во сетови, а со идентичен резултат беше поразен и Бугариќ од ланскиот четвртфиналист Неил Обрелајтнер.
Ново на Сител
-

Муцунски: Владата работи на трајно решение за одблокирање на евроинтеграциите
-

Цената на суровата нафта „потона“
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски за МИА: Работиме на одржливо решение, кое нема повторно да создава ризици
-

Охрид полн со туристи но и со смет
-

Милионска санација за штипската болница
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
