Македонското здружение „ВМРО-ДПМНЕ-Албанија“ го доби решението за регистрација во судот во Тирана
Македонското здружение „ВМРО-ДПМНЕ-Албанија“ денеска го доби решението за регистрација во судот во Тирана, кое на претседателката Елена Симонофски и беше врачено од Албан Дурај, од адвокатското студио „Duraj Law Firm“ - Тирана.
Веста ја објави Дурај кој на Симонофски и посакал успех во мисијата на оваа организација, која, како што наведува се фокусира на заштита на правата на македонската заедница во Албанија и зајакнување на дијалогот со институциите за остварување на нивните законски права.
- Во рамки на соживотот и меѓуетничката соработка во Албанија, имав чест да ја пречекам и лично да ѝ го врачам на г-ѓа Елена Симонофски, претседателка на Здружението „ВМРО-ДПМНЕ-Албанија“, решението за основање издадено од Основниот суд во Тирана. Организацијата е посветена на заштита на правата на македонската заедница и зајакнување на дијалогот со институциите. Важен чекор кон мир, толеранција и европска интеграција, напша Дурај во објавата на Фејсбук.
На објавата реагираше Едмонд Темелко, претседател на Македонското друштво „Преспа“.
- Искрена благодарност до адвокатското студио „Duraj Law Firm“ за поддршката и почитта што ја покажуваат кон македонската заедница во Албанија. Во мое име и во име на целата наша заедница им благодариме што се дел и од овој важен чекор за Македонците. На здружението му посакуваме успешна мисија во заштитата и унапредувањето на положбата и легитимните права на Македонците во Албанија, со заеднички сили на сите нас, наведува Темелко.
Како што претходно изјави Симонофски за МИА, здружението е „дом за сите кои ја носат Македонија во своето срце“.
- Здружението ќе ги штити и ќе ги промовира правата на македонското малцинство во Албанија. Ќе биде поддршка за активностите и иницијативите во насока на остварување на своите цели и поддршка на своите членови. Нашето мото е дека заедно сме посилни, заедно сме Македонија, посочи таа за МИА.
Освен оваа асоцијација на Македонците, во Албанија постојат и друштвата „Илинден“, „Преспа“, „Сонце“, „Мир“, „МЕД“ и „Прегор“, како и единствената партија Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).
МИА
Ново на Сител
-
ИЈЗ: Нема отстапки во вредностите за радијација во воздухот и почвата по пожарот во Трубарево, ниту тешки метали во водите
-
Двојно убиство и самоубиство попладнево во Велес
-
Победа на Андријано Димишковски во осминафиналето денес
-
Русија планира изградба на 38 нови нуклеарни реактори
-
Трамп задоволен од средбата со Кинезите во Мадрид: Важниот состанок мина многу добро
-
Приведено лице од Битола за изнуда
-
Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината
-
Велосипедист застрелал 18-годишно момче во Чаир