„Макфест“ годинава на 30 и 31 октомври, 41.издание на Фестивалот на забавни мелодии

Певливи рефрени, нови песни и познати музички имиња ќе бидат дел од 41.издание на „Макфест“, фестивалот на забавни мелодии кој годинава ќе се одржи на 30 и 31 октомври на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип. Организаторите во соопштението информираат дека повеќе од четири децении „Макфест“ е синоним за музика, а во Штип и оваа година публиката ја очекуваат позитивна енергија и добра фестивалска атмосфера, песни во различни музички изрази, познати автори и изведувачи, но и нови имиња кои допрва ќе ја бараат својата публика.
Меѓу авторите на годинашните песни се имиња кои одамна се присутни на македонската музичка сцена, како Ристо Самарџиев, Хари Котларовски, Огнен Неделковски, Лазар Цветковски, Раде Врчаковски – Врчак, Александар Масевски, Кристијан Габроски, Иван Јованов, Роберт Билбилов, Андријана Јаневска, Давор Јордановски, Елвир Мекиќ, Димитар Андоновски, Јован Јованов и други.
-Годинава имаме навистина интересен избор на автори-докажани музички имиња, автори со свој препознатлив стил и песни зад кои стои големо искуство. Очекувам и ова издание да донесе убави, певливи песни и композиции со различен карактер, од оние што лесно влегуваат во уво до песни кои ќе се слушаат и по фестивалските вечери. Тоа е и убавината на „Макфест“-вели Роберт Саздов, уметнички директор на фестивалот.
Со годинашното издание, „Макфест“ продолжува да ја збогатува својата богата фестивалска приказна со нови композиции, автори и изведувачи, во атмосфера исполнета со музика, позитивна енергија и песни што имаат потенцијал да останат со публиката и по фестивалските вечери.
MИА
Ново на Сител
-

Акциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошци
-

Седум ПП возила и 19 пожарникари гаснеле запалена барака во Жданец
-

Николоски: Охридскиот аеродром годинава ќе достигне помеѓу 370.000 и 400.000 патници наспроти предвидените 130.000 до 2030 година
-

Од утре повторно температури над просекот и повремен дожд
-

Иран соопшти дека со шест дрона нападнал американска воена база во Бахреин
-

Утрово најстудено во Лазарополе, најтопло во Охрид и Претор
-

„СпејсИкс“ за првпат успешно го прифати горниот сегмент на ракетниот систем „Старшип“
-

Макрон повика на единство и консензус на Самитот на Франкофонијата во Пном Пен
