Макрон е сигурен дека Трамп ќе одговори на цинизмот на Путин
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Тирана изјави дека е „сигурен“ оти неговиот американски колега Доналд Трамп ќе реагира на тоа што го нарече „цинизам“ на Владимир Путин по најновиот руски смртоносен напад со беспилотни летала во Украина.
-Наспроти цинизмот на претседателот Путин, верувам, дури сум и сигурен, дека претседателот Трамп, кој се грижи за кредибилитетот на САД, ќе реагира, рече Макрон на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама.
-Претседателот беше избран од американскиот народ. Тој дојде со здрава амбиција да постигне мир и рече дека ќе го ангажира целиот свет за да постигне мир, додаде францускиот претседател, зборувајќи за Трамп.
Францускиот претседател, германскиот канцелар Фридрих Мерц и британскиот и полскиот премиер Кир Стармер и Доналд Туск, вчера го повикаа Трамп да го осуди одбивањето на Русија да се согласи на прекин на огнот во Украина и да го зголеми притисокот врз Москва.
-Предлозите за примирје, и ве потсетувам дека тоа е американска иницијатива, не беа почитувани од претседателот Путин и неговите армии, рече денеска Макрон.
„Собравме коалиција на добронамерни, потоа заедно го повикавме претседателот Трамп и му рековме, еве сите сме за примирје, сите повторно се вклучуваме во коалиција на добронамерните со безбедносни гаранции“, рече Макрон, зборувајќи во Тирана, каде што вчера се одржа самитот на Европската политичка заедница.
Неколку часа по завршувањето на самитот и еден ден по мировните преговори меѓу Русите и Украинците во Истанбул, каде што беше договорена голема размена на затвореници, но без најави за прекин на огнот, девет лица беа убиени, а четворица се повредени во руски напад врз минибус со цивили на северот од Украина.
Ново на Сител
-
Ништо ново за патот на Македонија кон ЕУ нема да донесе посетата на Калас во Скопје
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Екс директорот на Онкологија Нино Васев обвинет за сериозни кривични дела
-
За пожарот во Кочани досега сослушани 300 сведоци
-
13 лица осомничени за незаконско издавање дозволи за привремен престој на странци
-
Славески ќе се избира за гувернер на 3 јуни
-
Потпишан договорот за стратешко партнерство
-
Парите од Британија ќе се позајмуваат кога ќе имаме готов проект, каматата ќе зависи од рочноста