Славески ќе се избира за гувернер на 3 јуни
Изборот на Трајко Славески за гувернер на Народната банка ќе се најде на седница на 3 јуни. Тоа е првата редовна седница што е закажана во собранискиот календар. Материјалот за Славески претседателката Силјановска Давкова го испрати синоќа, но не побарала изборот за него да се направи на итна седница. За да стане нов гувернер на Славески му се потребни 61 пратенички глас, мнозинство со кое располага власта.
Опозицијата пак, со критика дека Славески е тесно партиски предлог и не ја заслужува довербата.
Предлогот за нов гувернер не го поддржуваат и од Левица.
Додека пратениците се пребројуваат, Стопанската комора очекува добра соработка со Славески и политика на стабилен денар.
Славески е професор по економски науки, поранешен мнистер за финасии од реедовите на ВМРО-ДПМНЕ, но и претседател на Советот на г. Скопје. Тој беше во потесниот избор за гувернер заедно со актулената гувернерка Анита Ангеловска Бежоска и поранешниот министер за финасии исто од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Ставревски.
Мандатот на Бежоска е завршен, но таа ќе ја извршува функцијата до изборот на новиот гувернер од парламентот. По добиената потврда од пратениците Славески ќе ја раководи Народната банка во наредните 7 години.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар