Макрон: Не очекувавме толку масовна мобилизација на протестите на 17 октомври

Францускиот претседател, Емануел Макрон, денеска призна дека властите не ги очекувале немирите и толку масовна мобилизација за време на протестите во земјата на 17 октомври, како и дека не обезбедиле доволно полициски сили.
„Воопшто не го очекувавме тоа. Седумнаесетти октомври не беше очекуван. Властите беа изненадени од толкавата мобилизација на ултралевицата уште во раните утрински часови“, рече Макрон кој се наоѓа во посета на Марсеј.
Францускиот претседател истакна дека полициските сили не биле сразмерни на ситуацијата.
Тој оцени дека следната сабота ќе биде ризична и најави дека маршрутите на демонстрациите ќе бидат надвор од градските центри.
„Не е нормално нашата земја да биде во ваква состојба на превирања шест месеци пред претседателските избори“, рече Макрон, повикувајќи хаотичните сцени од 17 октомври никогаш повеќе да не се повторат.
Тој порача дека државата во моментов „ги одржува Републиката и јавниот ред без вонредна состојба“.
„Ако колективно добро си ја завршиме работата, движењето ќе се смири, бидејќи ќе одговориме на легитимните очекувања и ќе го одржиме редот. Ништо не е завршено и ова ви го кажувам со голема решителност и понизност“, им рече Макрон на припадниците на безбедносните сили, заблагодарувајќи им за нивната мобилизација.
Тој најави важни соопштенија за средношколците со низа „краткорочни проекти“. Макрон рече дека побарал од Владата да одговори на легитимните барања што се во основата на актуелното општествено движење.
МИА
Ново на Сител
-

Пожар во студентскиот дом „Стив Наумов“: Се запалил бојлер
-

Домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на струја во август
-

Затворот во Струмица доби лулашки и лизгалки
-

Подвиг за восхит: 11-годишниот Давид и 12-годишната Анастасија освоија три алпски врва над 4.000 метри
-

Oсум тони марихуана недостигаат во фирма за одгледување медицински канабис во струмичко
-

Марихуана пронајдена кај две државјанки на Перу
-

135 килограми режан тутун и 30 литри алкохол запленети на зелениот пазар во Чаир
-

Трамп изјави дека наскоро ќе биде организирана средба меѓу Путин и Зеленски
