Макрон се закани со нови царини доколку Кина не ја промени трговската политика

Францускиот претседател Емануел Макрон најави можни европски контрамерки против Кина доколку Пекинг не ја измени својата трговска политика.
– Се обидувам да им објаснам на Кинезите дека нивниот трговски суфицит е неодржлив, затоа што практично ги „убиваат“ сопствените купувачи, особено со тоа што повеќе не увезуваат од нас, изјави Макрон во интервју за економскиот дневник Лес Екос, по тридневната посета на таа држава.
Тој нагласи дека доколку нема одговор, Европа ќе мора во идните месеци да преземе силни мерки и да го намали степенот на соработка, следејќи го примерот на САД, вклучително и можни тарифи за кинески производи.
Кина е најважниот трговски партнер на Франција во Азија, но француската економија бележи јасен дефицит, бидејќи увозот далеку го надминува извозот. Во 2024 година дефицитот изнесувал над 46 милијарди евра.
Во рамки на ЕУ, трговскиот дефицит надминува 300 милијарди евра. Слабата кинеска побарувачка е проблем за германските, француските и другите европски компании, додека Кина сѐ повеќе пласира производи на европскиот пазар поради трговскиот спор со САД.
Кина, според Макрон, удира во сржта на европскиот индустриски и иновациски модел. Американскиот протекционизам ја влошува состојбата, затоа што кинеските производи масовно се пренасочуваат кон Европа.
– Европа е заглавена во средината, а во залог е ставено самото опстојување на нашата индустрија. Стана појас за прилагодување, а тоа е најлошото сценарио, рече Макрон.
Тој ја повика Кина да ја зголеми сопствена потрошувачка и да го отвори домашниот пазар. Како што фирми како ЕДФ и Ербас инвестирале во Кина пред 25 години, така и кинеските компании треба да дојдат во Европа и да градат пазар, оцени Макрон.
– Признаваме дека се многу добри во одредени области, но не можеме бескрајно да увезуваме, изјави тој, алудирајќи на батериската индустрија, електричните возила и обработката на литиум.
Тој предупреди дека кинеските инвестиции во Европа не смеат да бидат „предаторски“ и дека Пекинг не смее да гради зависности.
Макрон истовремено порача дека ЕУ мора да ја засили конкурентноста, да ги поедностави процедурите, да инвестира во иновации и да го продлабочи единствениот пазар. Тој ги повика и Европа и Кина да запрат со агресивни практики како трговски ограничувања.
Ново на Сител
-

Цртеж на Микеланџело од пред 500 години, продаден за 27,2 милиони долари
-

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари
-

Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана
-

Пронајдени четири мигранти на автопатот „Пријателство“, приведен кумановец што ги превезувал
-

ВМРО-ДПМНЕ: Фирми блиски до СДСМ се главни за марихуаната
-

„Безбеден град“ за една недела регистрирал 4 991 прекршок, најмногу за брзо возење
-

СДСМ: Како поминаа 5 тони дрога на граница?
-

ЈОРСМ: Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана
