Макрон за царините на Трамп: Добро да има противтежа на моќта, реципроцитет, а не еднострани одлуки

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека одлуката на Врховниот суд на Соединетите Американски Држави за трговските тарифи на претседателот Доналд Трамп покажува дека е добро да има противтежа на моќта и владеење на правото во демократиите.
– Не е лошо да се има Врховен суд и, следствено, владеење на правото. Добро е да се има моќ и противтежа на моќта во демократиите, рече Макрон на годишниот земјоделски саем во Париз, одговарајќи на прашања за одлуката на Врховниот суд на САД дека тарифите наметнати од претседателот Трамп според Законот за економска вонредна состојба се нелегални.
Тој додаде дека Франција ќе ги разгледа последиците од новите глобални тарифи на Трамп од 10 проценти и ќе се прилагоди, нагласувајќи оти земјата сака да продолжи да ги извезува своите производи, вклучувајќи земјоделски, луксузни и модни производи и делови за воздухопловната индустрија.
Според Макрон, треба да се размислува смирено и дека најфер правило е „реципроцитет“, а не „потчинување на еднострани одлуки“.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
