Преглед на вестите од светот
Во исчекување на конечниот договор за крај на војната, американската војска соопшти дека соборила неколку ирански дронови кои целеле на коемрцијални бродови во ормутскиот теснец. Централната команда соопшти дека ги неутрализирале сите и дека сообраќајот во теснецот се одвива без проблеми.
Шефот на иранската дипломатија Арагачи, вчера доцна вечерта ја потврди информацијата која претходно ја соопшти американскиот Претседател Трамп, дека меморандумот за разбирање меѓу двете страни ќе биде потпишан во наредните неколку дена. САД и Иран и натаму се поделени околу клучни прашања — нуклеарната програма, укинувањето на санкциите, Ормускиот теснец, замрзнатите ирански средства и регионалната безбедност.
Европската унија во понеделник ќе ги започне пристапните преговори со Украина и Молдавија, откако Унгарија ја прекина блокадата на процесот. Земјите членки се договориле за заедничка позиција за првиот преговарачки сегмент, со што се завршени неопходните подготовки. Информацијата на социјалните мрежи ја сподели Претседателката на Европската Комисија Урсула Фондер Лајен, оценувајќи дека тоа е голем чекор напред за Европската Унија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски тоа го оцени како силна политичка и морална поддршка за Украина, додека молдавската претседателка Маја Санду порача дека земјата ќе продолжи со реформите.
Илјадници албански граѓани и вчера ги наполнија улиците на Тирана продолжувајќи ги протестите во т.н Фламинго Револуција која треба да се спротивстави на плановите за изградба на луксузен туристички комплекс на јужното крајбржје од страна на зетот на американскиот претседател Трамп, Џерад Кушнер. Проектот вреден 5 милијарди долари се планира во специфично еколошко подрачје и се заканува да го уништи живеалиштето на илјадници фалминга и други ретки водни животни.
Албанскиот премиер Рама на почетокот на неделата изјави дека комплексот ќе биде изграден и покрај секојдневните протести кои од еколошки, полека прераснуваат во протести со кои се бара целосна промена на системот
Александар Спасовски – Сител Телевизија
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
