Loading Video...
Свет
30. October 2026 - 17:07

Преглед на вестите од светот

Во украинскиот град Олешки, кој е под  руска контрола  почна  да  пристигнува хуманитарна помош.

Испораката на храна,вода и лекови се реализира благодарение на привремениот прекин на огнот  помеѓу Русија и Украина посредуван од првата дама на САД, Меланија Трамп.

Жителите со месеци се соочува со сериозен недостиг на храна, лекови и вода, а градот е целосни миниран.

Украинските вооружени сили повремено користеле дронови за доставување помош но голем дел од тие летала биле соберени од руските сили.

Во Олешки има околу 2.000 луѓе.

- Денешната фаза ќе овомзожи заеднички да доставиме хуманитрана помош во Олешки за сиет жители што останале таму. Секој што сака да добие помош, ќе ја добие. Ова вклучува и помош за оние што сакаат да го напуштат Олешки, изјави Дмитри Лубинец, обдусман на Украина.

- Ние сме во Олешки. Луѓето кои сакаат да одат на руска територија се собираат тука. Таму има и луѓе кои сакаат да одат на украинска територија. Секој ќе има можност да го стори тоа, изјави Јана Лантратова, обдусман на Русија.

Прекинот на огнот важи само за градот Олешки. Почна на 27 октовмри а ќе заври на 1 ноевмри.

Франција се подготува за нов бран масовни протести  утре а француските власти мобилизираа над 70.000 полицајци и жандарми за да спречат потенцијлано насилство и немири.

На улиците ќе бидат распоредени и окоплни возила и водени топови.

Министерот за внатреши работи Лоран Нуњез упати остри предупредувања дека безбедносните сили ке одогворат цврсто и со нулта толеранција против каква било форма на вандазлин и грабежи кои избија за време на неодамнешните масовни собири во Париз и другите поголеми градови во Франција.

Организатори на утрешните протести против високите трошоци за живот и за реформа во образованието се студентските синдикати и движењето жолти елеци.

На парламентарните избори во Изарел ниту еден од двата  главни политички блока не го освои  потребното мнозинство од 61 пратеничко место во Кнесетот со 120 пратеници.

Според конечените резулатите објавени од Централната изборна комисија, блокот на премиерот Бенјамин Нетањаху обезбеди 53, опозицискиот блок предводен од Гади Ајзенкот 48 а арапските партии обезбедија рекордни 19 мандати, со што се наметнуваат као клучен фактор во идното формирање на владата.

Блокот на Нетањаху во претходниот парламентарен состав имаше 68 пратеници.

Нетањаху ги обвини партиите предводени од Арапите дека поситгнале добар резулат преку поткуп, закани, насислтво, откако конечните резултати покаажаа дека неговиот блок го изгуби парламенатрното мнозинство.

Претседателот Херцег ќе одржи средби со политичките лидери за да одлучи кому ќе му додели мандат за составување нова влада.

Рускиот претседател Путин изјави дека русија е подтотвена за можна војна во Европа, иако нагласи дека Москва не сака таков конфликт.

Во исто време, посочи дека Русија ги поддржува сите чекори насочени кон обновување на односите со еворпските земји.

Путин ги даде овие изјави по телефонскиот разговор што во вторникот го водеше со лидерите на Норвешка и Финска.