Loading Video...
Свет
31. October 2026 - 17:20

Преглед на вестите од светот

Стотици демонстранти синоќа се судрија со интервентната полиција во Полска, откако беше суспендиран претседателот на Уставниот суд. Ова се случува откако на веб-страницата на највисокиот суд во Полска се појави соопштение дека претседателот Свјечковски и неговиот заменик се суспендирани во траење од еден месец.

Во текот на овој период, со институцијата ќе раководи судијката Ана Корвин-Пјотровска.

Околу објектот беа распоредени бројни полициски сили. Десничарски политичари им се обратија на насобраните, обвинувајќи ја владата на Туск дека организира државен удар против Уставниот суд.

Проевропската влада и националистичкиот претседател имаат спротивставени ставови и одбиваат да ги признаат меѓусебно назначените судии.

Франција се подготвува за нов бран протести. Полициски и воени единици уште рано наутро патролираа околу Триумфалната порта и во други делови на Пари. Единствената официјално одобрена маршрута за денешнит протсти се наоѓа во источниот дел на француската престолнина, далеку од нејзините најпознати знаменитости.

Француските власти се обидуваат да спречат нови нереди, вандализмот и грабежите – како што се случија за време на протестите на 17 октомври. Министерството за внатрешни работи најави дека низ целата земја ќе бидат распоредени 70.000 полициски службеници.

Демонстрантите излегуваат на улиците барајќи подобрување на условите во средните училишта, како и мерки за справување со зголемените трошоци за живот.

Четири авиони со евакуирани жители од украинскиот град Олешки, кој се наоѓа под руска контрола, слетаа во Белорусија. Меѓу патниците имало и луѓе кои со себе ги понеле домашните миленици.

Украинскиот народен правобранител соопшти дека се наоѓа во Белорусија заедно со евакуираните жители. Тој објави и видеоснимка од слетувањето на еден од авионите.

Според украинскиот преговарач Давид Арахамија, евакуираните, во придружба на украинска делегација, требало во рок од неколку часа да бидат префрлени на територија под контрола на Украина.