Малолетници со нож тешко повредиле 55-годишен маж
Скопјанец бил нападнат од малолетници со нож во близина на џамија во скопско. Тешко е повреден.
- На 06.06.2025 година во 01.00 часот Р.К. (55) од село Студеничани, скопско, пријавил дека претходниот ден околу 20.00 часот во близина на џамија во истото село, бил физички нападнат од две шеснаесетгодишни малолетни лица. На нападот му претходела вербална закана по неговиот живот по што едниот малолетник извадил нож се затрчал кон пријавителот и го нападнал со ножот. Од страна на доктор при ГОБ „Свети Наум Охридски“ кај Р.К. се констатирани тешки телесни повреди - убодни рани и истиот бил задржан на понатамоишно лекување, информираа од полицијата во дневниот билтен.
Известен е надлежен Јавното Обвинителство, а од страна на ЕУМНА извршен е увид на местото на настанот, додека пак од страна на инспектори од ЕВР-ОКР Аеродором бил сочинет Записник за примање на пријава.
Ново на Сител
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд