Македонија
14. July 2025 - 11:34

Малолетник од Куманово затекнат при обид да запали кабли

На 13.07.2025 во 12.50 часот полициски  службеници од СВР Куманово лишиле од слобода малолетник од Куманово, затоа што во место викано „Бавчи“ во Куманово бил затекнат при обид да запали бакарни кабли, соопшти МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.