-->
-->
Малолетник се здобил со телесни повреди на рингишпил во Кавадарци
-->

Малолетник се здобил со телесни повреди на рингишпил во Кавадарци, информираа денеска од СВР Велес.
- Утринава во 00.40 часот во ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со В.К.(38) од Прилеп, сопственик на рингишпилот во Кавадарци, по претходно пријавен настан од кавадаречката болница. Според пријавеното, бил донесен малолетник, врз кој, додека бил на рингишпилот во Кавадарци, паднал метален предмет од рингишпилот и малолетникот се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во градот, соопштија од СВР Велес.
Оттаму појаснија дека извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Анима Мунди“ апелира за заштита на животните за време на топлотниот бран
-

Бензинот поевтинува, дизелот поскапува – нови цени на горивата од полноќ
-

Во 44 акции против незаконски риболов на Охридското Езеро приведени две лица, запленети 25 мрежи и 702 белвици
-

Наместо од психолог и пријатели – младите му се доверуваат на AI и бараат помош и совети од чет-ботови
-

Од полноќ нови цени на горивата
-

Охридскиот аеродром постави нов рекорд-раст на патничкиот сообраќај од 41% во јули
-

Рекорден број прекршоци во јули: Над 20 илјади казни, 496 лица приведени и одземени 332 возила
-

Дневно над 200 повици во Итна помош поради топлото време
