Македонија
12. December 2015 - 16:14

МАН: Колумната на Михан е реално укажување на состојбата за предлог на Заев

Реално согледување  на состојбата  и укажување дека се оди чекор назад со предлогот на СДСМ за нова законска регулатива во медиумскиот простор. Вака од Македонската асоцијација на новинари ја коментираат колумната на познатиот американски експерт за медиуми Мајкл Михан. Првиот човек во американската медиумска сфера во неговата колумна го го осуди однесувањето на Заев и СДСМ кон медиумите и новинарите и побара да се почитува правото на слободно известување.

Под наслов „Нападот на слободните медиуми е напад врз сите нас“ во угледниот американски весник The Hill, Михан упати силна порака-
Изјавите и постапките на Заев рефлектираат мрачно време од скорешната македоснска историја.

-Станува збор исклучително компетентна личност, човек кој бил во американската агенција за медиуми како во периодот на претседателот Буш, така и на претседателот Обама. Она што е члучно е тоа што тој изразува силно противење на ставовите и предлогот на СДСМ за медиумската регулатива и подршка на ставовите на МАН. Прашање на време е кога познати експерти од Европските земји и од САД ќе им укажуваат на СДСМ дека законската регулатива која ја предлагаат ја нема во ниту една држава во демократскиот свет, изјави Слаѓана Димишкова, претседател на МАН.

Американскиот експерт за медиуми во неговата колумна тој порачува дека однесувањето на Заев е вознемирувачко имајќи ја предвид про- западната ориентација на земјата. Меѓу другото Михан пишува.

-Додека повеќето граѓани очекуваат да видат ваков вид потиснување на медиумите во земји водени од репресивни режими, тоа што е неочекувано, и вознемирувачко, се настаните што се случуваат во прозападните нации. Македонија, на пример, е земја која некогаш била под влијание на советскиот блок, а сега е водена од премиерот Никола Груевски, кој е наклонет кон НАТО и Западот. Македонија е исто така кандидат за членство во Европската унија. Но опозициската партија во земјата, СДСМ, е водена од Зоран Заев, кој е наследник на поранешната владејачка Комунистичка партија за време на Студената војна. Во почетокот на оваа недела, Заев објави дека четири од седумте најголеми телевизиски станици и дневни весници, сите слободни медиуми кои не се во сопственост на СДСМ, се негови „најголеми непријатели“. Откако се соочи со серија критички напади, партијата на Заев го удвои облогот и издаде изјава во која ја нарекува сегашната медиумска клима во Македонија „катастрофална”.

Коментарите на Заев рефлектираат темно време од скорешната македонска историја. Во почетокот на летото новинари од телевизијата „Сител“ и главниот и одговорен уредник на весникот „Вечер“ беа вербално и физички нападнати од членови на СДСМ додека известуваа од протестот пред македонското Собрание. Канцелариите на „Радио слободна Македонија“ беа уништени за време на истиот протест. Додека Македонија се справува со бегалската криза која е во тек, потребата од слободно и независно новинарство е поважна сега од кога било. Стравотните приказни за бегалците и нивните фамилии, кои бегаат од прекумерното насилство, веќе одиграа значајна улога во оформувањето на јавната перцепција и одговорот од меѓународната заедница“, пишува Михан.

Од МАН велат дека допис со слични ставови како и Мајкл Михан испратиле до сите релевантни странски претставници во земјава. Истите се објавени и во печатени медиуми и наскоро очекуваат одговор и средби со истите.