-->
-->
Манчестер јунајтед го отпушти Аморим
-->

Рубен Аморим повеќе не е тренер на Манчестер јунајтед, откако раководството на премиерлигашот денес му додели отказ на Португалецот.
Привремено, тренерската функција ќе ја врши Дарен Флечер, кој го водеше тимот до 18 години.
Аморим беше во Манчестер Јунајтед од ноември 2024 година. Под водство на 40-годишниот Португалец, „Црвените ѓаволи“ стигнаа до финалето на Лигата на Европа во сезоната 2024/25, каде што загубија со 1:0 од Тотенхем во финалето.
Под водство на Аморим, Манчестер Јунајтед одигра 63 натпревари, победи на 25, одигра 15 нерешено и загуби на 23.
Во сезоната 2025/26, Манчестер јунајтед има 31 бод од 20 кола во Премиер лигата и е шести на табелата.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Пренџов: Очекуваме конструктивност од новата бугарска влада
-

Јаневска: Оваа година матура ќе се полага според новиот закон
-

НАТО оценувачи ја тестираат борбената готовност на ЛПБГ
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ одработува за српската опозиција
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
