Преглед на вестите од светот
Францускиот претседател Емануел Макрон за време на посетата на Полска од Гдањск ги повика САД и Иран на деескалација на тензиите по зачестените инциденти во Ормутскиот тесенец.
Нашата позиција останува иста. Треба да ги решиме работите преку дипломатија. Сите мора да се смират, мора да се вратиме на одлуките што беа договорени во петокот. Мора да го одржиме прекинот на огнот, вклучително и Либан, што е можно подолго и да изградиме трајно мирно решение преку преговори за нуклеарното прашање, балистичките ракети, Хормуз и останатото.“
Иранскиот претставник посочи дека Пакистан, како посредник, вложува позитивни напори за укинување на американската блокада и за обезбедување на учеството на Иран во процесот. Пакистански претставник вклучен во преговорите соопшти дека двонеделното примирје завршува во 02:00 часот по македонско време на 23 април.
САД се надеваат дека ќе започнат преговори во Пакистан кратко пред да истече примирјето, а во Исламабад во се тек сеопфатни безбедносни подготовки, но Иран рече дека САД „инсистираат на некои неразумни и нереални позиции“.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, синоќа изјави дека САД никогаш не биле поблиску до постигнување договор со Иран, и покрај неизвесноста околу одржувањето втора рунда разговори.
Од Иран стигна порака од највисокиот преговарач и претседател на парламентот, Мохамед Бакер Калибаф, дека Техеран не прифаќа преговори со САД под закани. Тој во објава на X рече дека американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да ја претвори преговарачката маса во „маса за предавање“.
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека „почитувањето на обврските е основа на значаен дијалог“, предупредувајќи дека „длабоката историска недоверба во Иран кон однесувањето на владата на САД останува.“
Последните информации од Иран се дека сепак се можни преговори.
Американскиот претседател, изјави дека Израел и премиерот Бенјамин Нетанјаху не влијаеле врз неговата одлука да го нападне Иран. Трамп со ова одговори на медиумските написи дека Израел го убедил да го изврши нападот врз Иран на 28 февруари оваа година.
Бродскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец остана во застој со само три преминувања во рок од 12 часа, според податоците за поморските агенции
Се поставува прашањето дали некогаш ќе видиме враќање на нормалниот превоз и трговија, откако теснецот повторно ќе се отвори?
Но, мислам дека е важно да се каже (дека) работите нема да се вратат на условите пред војната. На пример, вашето поморско осигурување за влегување во регионот ќе остане повисоко. Веројатно ќе има премија за ризик ако сакате да патувате. Многу слично на тоа, знаете, ако сакате да тргувате во Црното Море, таму има премија за ризик на стапките; ќе има премија за ризик за Блискиот Исток и очекувам дека тоа ќе трае долгорочно. Кога велам долгорочно, мислам веројатно години.“
САД и Иран го прогласија теснецот за отворен во петок откако беше објавен десетдневен прекин на огнот во Либан - клучна точка на преговори за Иран во мировните преговори со САД. Техеран соопшти дека реагира на континуираната блокада на иранските пристаништа од страна на САД.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
