Loading Video...
Фудбал
19. December 2021 - 18:42

Манчестер Сити го демолира Њу Касл, а Челзи одигра без голови во Вулверхемптон

 
 
 
Поради проблемите со Ковид позитивни повеќе натпревфари од 18.коло во англиската Премиер лига се одложени. 
 
Онаму каде се играа мечевите. Екипата на Манчестер Сити забележа убедлива победа на гостувањето кај Њу Касл со 4-0.
 
Португалецот, Рубен Дијас со голот постигнат уште во 5-тата минута ја најави доминацијата на Сити, а неговиот сонародник Жоао Кансело беше стрелец на вториот гол.
 
Во второто полувреме во листата на стрелците се запишаа Марез во 63-тата и Стерлинг во 86-тата минута. 
 
Во прилог на популарните „граѓани“ им оди и исходот од мечот меѓу Вулверхемптон и Челзи кој заврши без голови 0-0, па сега Манчестер Сити кој е лидер на табелата има 44 бодови или 4 повеќе од Ливерпул (40) кој попладнево гостува  кај Тотенхем, додека Челзи е трет со 38 бодови.