Loading Video...
Фудбал
1. January 2022 - 18:25
Манчестер Сити со пресврт и гол во 92-минута славеше против Арсенал
Воведниот меч од 21 коло во Премиер лигата, беше дербито меѓу Арсенал и Манчестер Сити кое се одигра во Лондон, а по кое се радуваа гостите на победата со 2:1.
И десети меч во низа, кога во прашање се меѓусебните дуели во Премиер лигата, екипата на Манчестер Сити излегува како победник против Арсенал.
До овој триумф гостите стигнаа со могу мака и среќа бидејќи „топџиите“ имаа предност по првиот дел октако Сака во 31-минута беше стрелец на голот за Арсенал.
Во вториот дел. Гостите од Манчестер во 57-минута преку Марез од пенал стигнаа до израмнување.
Пропуштените шанси за ново водство на Арсенал, како и двата жолти картони, односно исклучувањето на Габриел во 59-минута како да беа најава за конмплетниот пресврт кој се случи дури во втората мунута од судиското дополнение.
Шпанскиот интернационалец Родри се најде на вистинското место и со својот трет гол сезонава и донесе победа на екипата на Манчестер Сити.
Со новите освоени три бода, и вкупно 53, популарните „граѓани“ се зацврстија на врвот на табелата со дури 11 бода повеќе од Челзи, кој има натпревар помалку, а 12 бода повеќе од Ливерпул кој има две средби помалку во однос на лидерот.
Арсенал и покрај поразот ќе остане ма 4.место пред Вест Хем и Манчестер Јунајтед.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->