Марихуана, кокаин и прашкасти материи пронајдени на повеќе локации, приведени пет лица

Марихуана, кокаин, кафеава прашкаста материја и предмети со остатоци од марихуана биле пронајдени и одземени на повеќе локации низ државата во текот на вчерашниот и денешниот ден, а пет лица биле лишени од слобода или приведени.
Како што соопшти МВР, на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, вчера во 13:10 часот бил лишен од слобода Д.П.Х. (43) од Германија, кај кого при преглед на личниот багаж била пронајдена марихуана. Истиот ден во 16 часот бил лишен од слобода и С.М. (37) од Германија, откако при преглед на кампер возило „опел“ со германски регистарски ознаки била пронајдена и одземена марихуана. Двете лица биле предадени во полициска станица за понатамошна постапка.
Во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.И. (35) од Штип, кај кого била пронајдена марихуана.
Во Казнено-поправната установа „Идризово“ синоќа во 21:20 часот, при претрес на четири осудени лица, биле пронајдени и одземени 54 пакетчиња со кафеава прашкаста материја.
На локалниот пат меѓу селата Боговиње и Селце Кеч, полициски службеници од Полициското одделение Камењане при преглед на патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки пронашле кокаин кај Е.А. (37) од Боговиње. Тој бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.
Утринава во 2:40 часот на улицата „Партизанска“ во Охрид бил приведен Ц.В. (18) од струшко село, кај кого при преглед биле пронајдени предмети со остатоци од марихуана.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-

Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси
-

Хорор во психијатриска болница во Загреб: 32-годишник починал по брутален третман од медицински техничари – го врзале, тепале и гушеле со перница
-

Најтопло утрово во Демир Капија и Претор, најстудено во Берово и на Попова Шапка
-

Бебе пронајдено живо откако 24 часа минало закопано во плиток гроб во САД
-

Полска одбележува 108 години од независноста
-

Рубио потврди дека Трамп следната недела во Шенжен планира средба со лидерите на Кина и Русија
-

Продолжува големата еко-акција за чистење на Скопје
-

Американските акции паѓаат поради раст на инфлација, цените на нафтата се намалуваат
