Марихуана пронајдена кај две државјанки на Перу

Две државјанки на Перу се лишени од слобода на Граничниот премин Ќафасан откако при контрола во нивниот багаж била пронајдена марихуана, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Како што информира МВР, на 27 октомври на влез во државата, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки Ќафасан извршиле преглед на комбе во кое патувале Л.Р.Ф.М. (27) и П.П.Д.А. (26), двете државјанки на Перу.
При контролата, во багажот на Л.Р.Ф.М. биле пронајдени две пакувања со марихуана, додека во багажот на П.П.Д.А. било откриено едно пакување со марихуана.
По откривањето на дрогата, двете лица биле лишени од слобода и спроведени во Полициската станица Струга, каде биле задржани за понатамошна постапка.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Четворица кандидати ќе се борат за градоначалничкото место во Брвеница
-

Премиерот најави дека МВР следи неколку случаи за барање мито во државни институции
-

Новата когенеративна централа треба да го поевтини парното греење
-

Фич го потврди кредитниот рејтинг ББ+ на земјава
-

Досега евидентирани 138 шумски пожари, штетите милионски
-

Жените земјоделки докажаа дека се столбот на оваа гранка во Македонија - по 5 пат во Прилеп - „Млеко 2026“
-

Започнува модернизацијата на пазарот во Ново Село, инвестиција вредна над 11,5 милиони денари
-

Неопходно е да се направи дигитална археолошка карта
