Марихуана пронајдена кај две државјанки на Перу

Две државјанки на Перу се лишени од слобода на Граничниот премин Ќафасан откако при контрола во нивниот багаж била пронајдена марихуана, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
Како што информира МВР, на 27 октомври на влез во државата, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки Ќафасан извршиле преглед на комбе во кое патувале Л.Р.Ф.М. (27) и П.П.Д.А. (26), двете државјанки на Перу.
При контролата, во багажот на Л.Р.Ф.М. биле пронајдени две пакувања со марихуана, додека во багажот на П.П.Д.А. било откриено едно пакување со марихуана.
По откривањето на дрогата, двете лица биле лишени од слобода и спроведени во Полициската станица Струга, каде биле задржани за понатамошна постапка.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Нема кратење на празниците, ниту зголемување на старосната граница за пензионирање
-

СДСМ: ПИОМ е пред колапс, дупката расте поради арамиите - поголеми придонеси не се решение
-

Се уште нема потврда за средба од Софија, Мицкоски вели дека очекува средба на коњопој
-

Фехми Стафа тврди дека признал вина под притисок
-

Насилството кое децата го премолчуваат
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска Давкова: не се оди надвор без да се постигне консензус дома
