Мартинка на рака со верба за среќа

Секој 1 март, во чест на мистериозната Баба Марта и доаѓањето на пролетта, се плетат уникатни мартинки, едни од омилените модни додатоци на младите. Се изработуваат од бел и црвен конец, а традиционално и се подаруваат.
Според традицијата, на првиот ден од март, најстарата жена во семејството врзува на рацете на децата засукан бел и црвен конец за здравје и против уроци.
Според верувањата на тиквешани, мартинките се носат до 22 март, а потоа се вадат. Секој различно постапува со нив, иако сите понатамошни ритуали се исто така поврзани со желбата за среќа.
Едни ги закачуваат на родовити дрва што цутат за напредок, други ги ставаат под камења за плодност. Според некои, мартинките се носат до појавата на првото процветано дрво или на првиот виден штрк, во нашата држава и до здогледување на првата ластовица.
Потоа се ставаат под камен и по нив се гази. Ако после еден месец под каменот има мравки, се верува дека годината ќе биде бериќетна.
Обичајот на плетење и дарување мартинки го има и во Бугарија, Романија и Србија.
Ново на Сител
-

Славески: Ја држиме инфлацијата под контрола
-

ДУИ: Регулаторна 2 пати неделно да определува цени
-

Костадиновски: Уставниот суд мора да остане независен
-

УГД во мисија, европско образование без граници
-

По проблемот во Струга „Охрид СОС“ бара да се направат заштитни зони околу Билјанини извори
-

Преглед на вестите од светот
-

Пропадна изборот за член на Антикорупциска, ќе се распишува нов оглас
-

Тема на денот со Миле Цеков, пратеник од ЗНАМ
