Свет
15. April 2026 - 19:46
Масакр во училиште во Турција, 14-годишен ученик усмрти соученици и наставник
Ученик отворил оган во училиште во Турција при што загинаа 9 лица, од кои 8 деца, а 13 се повредени.
Напаѓачот, 14-годишник, бил вооружен со оружје кое се верува дека му припаѓало на неговиот татко, пензиоиран полицаец.
Нападот се случил во покраината Кахраманмарас, а мотивот засега не е познат. Напаѓачот е мртоц, но засега не е јасно дали бил убиен од полицијата или се самоубил.
Ова е втор ваков инцидент во Турција за само 2 дена, по вчерашното пукање во училиште во Шанлиурфа во кое беа ранети 16 лица.
Властите отворија истрага, а министерот за внатрешни работи на Турција кој ги посети ранетите, вели дека не се реботи за терористички напад туку изолиран инцидент, предизвикан од ученик.
-->
-->
