Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари

Американскиот милијардер Илон Маск најави дека во 2027 година на секое дете во Соединетите Американски Држави ќе му подари по една акција од својата вселенска компанија SpaceX. Вкупната вредност на најавениот подарок се проценува на повеќе од 10 милијарди долари.
„Следната година на секое дете во Америка ќе му подарам по една од моите акции во SpaceX. Ова ќе биде само првиот од многуте вакви потези“, напиша Маск на социјалната мрежа X.
Според американските медиуми, во САД живеат повеќе од 72 милиони деца помлади од 18 години. Со оглед на тоа што една акција на SpaceX моментално вреди околу 146 долари, вкупната вредност на најавената донација би изнесувала приближно 10,5 милијарди долари.
Маск засега не откри како ќе се распределуваат акциите, кои возрасни групи точно ќе бидат опфатени и кога во текот на 2027 година ќе започне нивното доделување.
Неговата најава доаѓа во период кога големите американски технолошки компании сè почесто најавуваат донации и иницијативи со кои дел од нивната вредност би се насочил кон пошироката јавност.
Доколку најавата се реализира, милиони американски деца би станале акционери во SpaceX, компанијата позната по вселенските ракети и сателитската интернет-мрежа Starlink.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
