Масовна тепачка помеѓу Македонци и Албанци во Италија, уапсени 11 лица

Сериозен инцидент меѓу две групи иселеници – Македонци и Албанци – ја потресе јавноста во италијанскиот град Перуџа. Настанот започнал во локал во населбата Сан Систо, а кулминирал со нереди на улица, при што биле повредени неколку лица и приведени 11 учесници.
Според досегашните информации од истрагата, судирот не бил однапред организиран, туку настанал поради безначаен повод – фотографија направена со мобилен телефон. Вербалниот конфликт меѓу младите брзо ескалирал во масовна тепачка, при што биле употребени столици, маси и дрвени палки. Во инцидентот учествувале и неколку државјани на Романија.
Хаосот се продлабочил кога двајца од вмешаните, обидувајќи се да побегнат со возило, удриле 27-годишен македонски државјанин, кој претрпел тешки повреди и скршеници на двете нозе. Повредениот бил пренесен во болница во Перуџа, каде што лекарите проценуваат дека ќе се лекува најмалку еден месец.
Полицијата и натаму трага по возачот и лицата кои биле со него во автомобилот, меѓу кои има и малолетно лице.
По повик на итниот број 112, на терен интервенирале бројни припадници на карабиниерите и италијанската полиција. Приведените се на возраст од 19 до 31 година, а дел од нив веќе им биле познати на безбедносните служби, пренесува РАИ Њуз.
За време на полициските претреси, кај еден од осомничените била пронајдена дрога, додека друг се обидел да ги сокрие клучевите од автомобилот во саксија, со цел да спречи одземање на возилото. Сите приведени се сместени во затворот „Капане“ и ќе се соочат со обвиненија за тешко насилство.
Ново на Сител
-

Зеленски: Разговори со Трамп за распоредување на американски трупи во Украина, одлуката е на САД
-

Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси
-

Ѓорѓиевски на ФБ: Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, создадовме програма што ги поврзува сите генерации
-

Сали на Фејсбук: На денешната седница на Владата бев именуван за прв заменик-претседател на Владата
-

ФФМ ќе ја проверува постапката за издавање тренерски лиценци
-

Рама: Албанија ќе произведува оклопни возила и борбени беспилотни летала
-

Вучиќ: Во 2026 година имаме две цели - мир и најдобра година во економијата
-

Апел од лекарите да не се користат пиротехнички средства
