Масовниот туризам ја нагрдува плажата „Златен рог“ во Хрватска

Можеби една од најпривлечните плажи во Југоисточна Европа, „Златен рог“ кај Сплит, Хрватска, се соочува со драматични промени... Последните неколку месеци, се вели, плажата го загуби својот препознатлив облик, а луѓето кои живеат во таа област сметаат дека прекумерното присуство на странци, посетители и туристичкиот сообраќај се главните причини за овој проблем, објави „Кликс“.
Тамошните жители се загрижени за масовниот туризам и одлучија активно да учествуваат во заштитата на ова природно богатство. Како дел од решението е тоа што мештаните почнаа и петиција за ограничување на пловењето крај брегот во текот на летната сезона.
Околните жители, исто така, се надеваат и дека новите регулативи ќе донесат подобрувања за заедницата.
Имајќи го предвид зголемувањето на туристичкиот сообраќај и неговите ефекти врз животната средина, оваа иницијатива на месното население претставува важен чекор кон одржлив туризам. Зачувувањето на „Златен рог“ всушност би значело не само зачувување на убавината на плажата, туку и заштита на идентитетот и на живоста во таа заедница.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
