Македонија
18. February 2022 - 16:34

Матичните лекари го почнаа протестот, ординациите работат само за итни случаи

Празни чекални во амбулантите на матичните лекари...

-Добар ден! Како сте? Штрајкувате ли денес?

-Да денеска имаме штрајк, рече матичниот лекар Анкица Станоевска.

Иако орданициите беа празни, телефоните постојано ѕвонеа.

-Денеска не работиме, прегледуваме само итни пациенти, им одговори докторката.

Без издавање упати и рецепти, но се примаа итни и Ковид пациенти кои имаа потреба од преглед. Вака поминува предупредувачкиот протест на матичните лекари. Тие се задоволни од разбирањето и подршката од пациентите.

-Има пациенти кои се во фаза на инфекција и ние ги прегледуваме. Не се вклучуваме во Мој термин и навистина сме воодушевени од подршката од нашите пациенти, изјави д-р Анкица Станоевска, матичен лекар.

Матичните лекари се категорични, неопходни се реформи во примарното здравство и доколку властите не превземат нешто предупредуваат на колапс на системот. Бараат нивниот труд повеќе да се вреднува. Поради високите трошоци изминатиот период 400 матични амбуланти биле затворени.

- Да не зборуваме за колку матични амбуланти следува затворање, мора да се направат промени, рече Станоевска.

Во моментот во земјава има околу 1400 матични лекари, а пред неколку години имаше 1800-тини.