Маж од Петровец ја удирал и гушел својата сопруга, и пробал со каиш да и ги врзе нозете

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за нанесување тешка телесна повреда. При вршење семејно насилство, осомничениот со умисла тешко телесно ја повредил неговата сопруга.
Како што информира Јавното обвинителство, по кратка вербална расправија на 28 октомври во семејниот дом, осомничениот 67-годишен жител на селото Петровец физички ја нападнал сопругата, ја удирал со раце и нозе по целото тело и главата, ја гушел и се обидувал со каиш да и ги врзе нозете.
Жената на моменти губела свест, но успеала да се ослободи и преку прозорецот избегала кај соседите за да побара помош. Од семејното насилство се здобила со тешки повреди – скршеници на три ребра и хематоми.
-Ценејќи ги сите околности, особено опасноста од бегство на осомничениот, но и веројатноста да го повторува насилството кое го вршел и во присуство на ќерките и малолетната внука, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, се вели во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
-

Дигитален регистер на загадувачи за почисто Скопје
-

Многу малку сестри во одделите за интензивна нега
-

Деменцијата зема замав - недостигаат институции
