Медицинските сестри повторно се иселуваат - голем дел работат со договори на определено за плата до 15.000 денари
Укинувањето на рестрикциите во светот повторно ги отвори границите за медицински сестри од земјата. Ги пакуваат куферите и си одат од македонските болници за подобри услови и достоинствена работа во странство. Од Унијата на здруженија на сестри, акушерки и техничари алармираат дека од наесен ќе има сериозен дефицит на овој кадар доколку надлежните конечно не почнат да ги решаваат нивните проблеми.
-Во здружението кај нас доаѓаат овој период многу сестри и бараат потврди бидејќи истите им требаат во странсдтво за тамошните здруженија. Одливот ќе не задеси и ќе се соочиме со голем дефицит, пандемијата не џзаврши и затоа апелирам за контимуирани конкурси и да нема во здравствените установи сестри со договор на дело, вели Гордана Бешлиовска претседател на Унијата на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки.
Бешлиоска посочи дека само од ГОБ 8-ми септември за време на пандемијата заминале 30 медицински сестри, додека, пак, оние со договор на дело кои биле ангажирани во ковид центрите работеле за 12 до 15 000 месечно. Очекуваат конечно да почне да се пишуваат контурите на законот за сестринство и да нема повеќе импровизирани законски решенија.
-Ние не сме останат медицински персонал. На наградите што беа за медицина изминатиот период ниге не слушнавме дипломирана медицинска сестра таа и таа, а и сестреите се дел од тимот, рамо до рамо, вели Бешлиоска.
Од Унијата очекуваат да биде отргнат и времениот закон донесен во време на пандемијата со кој медицинските сестри и покрај 40 годишно работно искуство не можеа да одат во пензија.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
