-->
-->
Медиуми во САД го тужат Трамп
-->

Две американски медиумски групи го тужат претседателот Доналд Трамп поради новата услуга на неговата социјална мрежа „Truth Social“, која наплаќа до 100.000 долари месечно за приоритетен пристап до неговите објави.
Тужбата е поднесена во федералниот суд во Њујорк од „The Intercept“ и „Freedom of the Press Foundation“, а во неа се тврди дека продажбата на приоритетен пристап до пораките на претседателот предизвикува сериозна загриженост и се наведува дека е „корумпирана и неуставна“, пренесува Би-Би-Си.
„Trump Media and Technology Group“ (TMTG) објави дека тужбата е поднесена од „левичарски активисти“ кои сакаат да го цензурираат претседателот.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски обелодени кои министри и ресори се опфатени со реконструкцијата
-

Реконструкцијата заврши, се чека партиска одлука
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Финишира владината реконструкција
-

Координациите на пратениците без епилог, утре нов обид за договор за изборниот законик
-

УГД по апсењето на професорката: Нема место за корупција
-

Истражување на ЕСЕ: Има корупција во здравството, но ретко кој признава дека е вклучен
