Меџити: По две недели, нема да биде важно кој од каде дошол бидејќи сите ние ќе бидеме „Вреди“

По две недели, малку ќе биде или воопшто нема да биде важно кој од каде дошол бидејќи сите ние ќе бидеме „Вреди“ - изјави градоначалникот на Чаир и лидер на Демократското движење, Изет Меџити.
Одговарајќи на новинарски прашања по увидот на поставување камен-темелник на базен во ОУ „7 март“, Меџити во однос на Алијансата за Албанците вели дека тоа е внатрешно прашање на Алијансата посочувајќи дека и двете крила на Алијансата донесоа иста одлука - да се во „Вреди“, но дека најбитно е што сме при финализирање на проектот „Вреди“.
- Многу побитно е тоа како ќе функционира и како ќе биде „Вреди“, тоа е иднината, а Алијансата за Албанците, Демократското движење, Алтернативата, се краткорочно, мислам, веќе се работи за една-две недели - изјави Меџити.
Во однос на моделот на функционирање за кој сè уште се преговара, Меџити посочи дека се зборува за моделот со ротација, со копретседателство, како и други модели, еден член - еден глас, да се оди од базата, еден претседател.
- Значи, за ова разговараме и преговараме. Но, убеден сум дека деновиве ќе го избереме најдоброто бидејќи, пред сè, „Вреди“ ни е како концепт, па потоа индивидуалци или имиња - изјави Меџити.
Меџити нагласи дека интензивно се разговара за тоа, дека има повеќе модели и оти деновиве треба да се одлучи за кој модел.
МИА
Ново на Сител
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
-

Мицкоски: Безбедносната состојба е стабилна, се разгледуваат мерки за справување со можните економски предизвици
-

Мицкоски: Економијата е консолидирана, шест квартали по ред имаме раст на БДП, владините политики даваат резултати
-

Франција одобри привремено присуство на американски авиони во локалните бази
-

Фармацевтка посочи: Витамините во додатоци не се безопасни
