Меџити: Се работи на предлозите за министри, деновиве ќе бидат доставени до Владата
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити информира дека се работи на предлозите за министри и дека тие деновиве ќе бидат доставени до Владата.
Како што истакна Меџити, се комплетира листата и со членови на Владата и со заменици и со други позиции.
Првиот вицепремиер смета дека Азир Алиу е најдобар предлог за министер за здравство, како и дека новиот директор на Центарот за управување со кризи од Вреди може да го надмине темпото на работа на досегашниот Стојанчер Ангелов.
- Деновиве се комплетира листата и со членови на Владата и со заменици и со други позиции. Се работи на тоа, деновиве предлозите ќе бидат доставени. Во однос на Алиу, мислам дека е најдобар предлог за таа позиција. Министер треба да биде добар менаџер кој го познава системот и кој може да придонесе за подобрување на ресорот. Алиу мислам дека е најдобар предлог за таа позиција, нагласи Меџити по промоцијата на проектот Avant2Go - модерен систем за целосно електрично споделено возење.
Меџити информира и дека вчера 10 членови од Алијанса за Албанците на чело со Арбен Фетаи се вклучиле во претседателството на Вреди. На синоќешниот состанок на партиското централно претседателство избран е Аднан Азизи за шеф на штабот, тој елаборирал за формираниот тим и за отворањето штабови во сите градови каде Вреди претендира за локалните избори.
Ново на Сител
-
Поништено судењето за смртта на Марадона, процесот од почеток
-
Премиерот Мицкоски утре во Будимпешта ќе има средба со Орбан и ќе присуствува на СРАС конференцијата
-
Викендов авионска дезинсекција против комарци во Скопје
-
Иванишевиќ нов тренер на Циципас
-
Милановиќ: Ниту една држава веќе нема да влезе во ЕУ, можеби само Црна Гора
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница
-
Миле Тодоров кој исчезна во јануари, виден кај планината Серта
-
Тепачка за имот во с.Кадино, се пресметале 83-годишник и 65-годишна жена