Меѓународна конференција за односите меѓу Западен Балкан и Кина
Во рамки на проектот „Мостови и бариери: Тридецениска траекторија на кинеско-македонските односи“ чиј носител е Фондацијата „Никола Кљусев“, денеска и утре ќе се одржи меѓународна конференција на тема „Односите помеѓу Западен Балкан и Кина: Надминување бариери, градење мостови“.
Истражувачкиот тим го сочинуваат тројца универзитетски професори: Билјана Ванковска, Лидија Георгиева и Тони Милески од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и двајца кинески истражувачи од Универзитетот Фудан во Шангај. Едногодишниот проектен грант е добиен од Институтот Кина - Централна и Источна Европа, од Будимпешта.
На конференцијата учество ќе земат 23 еминентни истражувачи од повеќе држави, меѓу кои: Велика Британија, Кина, Шведска, Албанија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Македонија, Грција и Бугарија. На конференцијата ќе се дебатираат билатералните односи на Кина со земјите од Западен Балкан и од ЕУ, преку идентификување на клучните двигатели и препреки, регионалната и глобалната динамика, како и зголемување на интердисциплинарниот дијалог.
На маргините на конференцијата ќе се одржи и промоција на книгата „Кооперативен мултиполарен систем: во потрага по нов светски поредок“, чии уредувачи се Билјана Ванковска, Ричард Саква, Џанг Веивеи и Тони Милески. Книгата, според организаторите, претставува прв научен труд од ваков вид во нашата земја, кој обработува актуелна тема поврзана со современите меѓународни трендови. Публикацијата е објавена на англиски јазик, и опфаќа трудови на 19 автори од повеќе држави.
МИА
Ново на Сител
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Пожарот во Трубарево е изгасен, на Дрисла се уште чади
-
МВР ќе ги засилува капацитетите и контролата на депониите и критичните точки на палење
-
Лица со хронични респираторни болести и децата најмногу на удар од загадениот воздух