Меѓусебни обвинувања на поранешниот и сегашниот министер за земјоделство, шумартсво и водостопанство за лоши политики и мерки
Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и актуелен пратеник од редовите на СДСМ, Љупчо Николовски на денешната собраниска седница ја обвини Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дека нема нови мерки и програми во земјоделството, дека тие не се објавуваат навреме, како и оти нема нити еден реформски закон од оваа област.
Тој поставувајќи пратенички прашања обвини и за лоша реализација на ИПАРД 3, а побара и одговори од актуелниот министер Цветан Трипуновски кога мисли да ги објави програмите за зелена нафта и здрав оброк за децата во училиштата и градинките. Нема, рече, ништо ново во оваа измината година, а и она што минатата влада го спроведуваше доцни или не се спроведува како што треба.
- Имам прашање до министерот – кога ќе почнете да ги почитувате и прифаќате барањата на граѓаните и кога ќе има нови мерки и политики? Исто така, доцните со објавување на програмата за зелена нафта и здрав оброк и тие нема да можат навреме да се реализираат, рече Николовски, додавајќи дека исто така бара одговор за тоа што се случува со ИПАРД 3.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски одговарајќи му на Николовски, рече дека од таканаречените успешни политики што ги оставила минатата влада, а сегашната не успева ниту да ги спроведе, наследиле катастрофа и оти се гледа од статистиките кои, како што рече говорат за неуспешното работење,
- Да потсетам ВМРО-ДПМНЕ наследи програма за субвенционирање и дирекно плаќање од која огромни средства не беа исплатени кон земјоделците иако вие се обидувавте да објасните дека тоа се прави тековно, рече Трипуновски, додаде дека наследиле претпријатија под надлежност на МЗШВ кои немале исплатено повеќе плати, немале вработените ниту здравствено и пензиско осигурување, лоша состојба на системите за наводнување, рече министерот.
Тој побара од Николовски да каже еден сегмент, една земјоделска култура која бележи раст, каде има добра цена, загарантиран откуп и задоволни земјоделци, а како што рече, сигурен е оти такво нешто нема. Вие креиравте популистички мерки добри за служење а лоши за спроведување и немаат ефект
Владата исплати над осум милијарди денари субвенции кои земјоделците и тоа може да се провери. Владата, потенцира тој, аграрот го става во топ три гранки кои заслужуваат големо внимание.
- Изминативе 11 месеци по основ на заостанати субвенции, по основ на исплатени дополнителни интервентни мерки и тековни плаќања на субвенции исплативме преку 8 милијарди денари кон земјоделците, нагласи Николовски.
Во однос на законската регулатива, рече, на ЕНЕР може да се види законот за земјоделство и рурален развој кој минатата влада за 7 години ниту се обидела да го модифицира ниту ново законско решение. За зелената нафта рече дека е лошо решение и има многу аномалии. На некои земјоделци им се доделувале по околу 300 – 400 денари, што рече, е помалку од чинењето на самата картичка. Потребна е, додаде, модификација, реална пресметка на потребен дериват за производство.
Тој му одговори и за програмата за здрав оброк, истакнувајќи дека и таа ќе биде модифицирана зошто учениците и родителите не биле задоволни бидејќи се добивале производи од втора и трета категорија. Затоа, додаде ние ќе направиме тие да добиваат органски квалитетни производи.
Ново на Сител
-
Почнува четвртфиналната фаза на „Ролан Гарос“
-
Влада: Историски најдобар оперативен план, практикантство за 1.352 млади до 29 години и младински додаток од 3.000 денари месечно за лица до 23 години
-
Приведен 64-годишен маж од Пробиштип, возел под дејство на алкохол и удрил во дрво
-
Марта Кос на дебата со членовите на АФЕТ, меѓу темите и проширувањето на ЕУ
-
Орбан: Војната во Украина ќе биде подолга и побрутална отколку што очекувавме
-
МЗТ Скопје Аеродром ја одбрани титулата
-
Годишниот извештај за работата на Судскиот совет за ланската година на 51. седница на Собранието
-
Средба на Јаневска со студенти и професори од кампусот на Државниот дуален универзитет Баден – Виртемберг во Манхајм