-->
-->
Мекларен потпиша нов договор со Пјастри до крајот на 2026 година
-->

Возачот во Формула 1, Оскар Пијастри потпиша нов повеќегодишен договор со Мекларен.
Новиот договор на Пјастри со Мекларен трае до крајот на 2026 година, објавија британските медиуми. Претходниот договор на Пјастри истекуваше на крајот на 2024 година.
Се верува дека Пјастри оставил многу добар впечаток во тимот со своите настапи во дебитантската сезона и управата на Мекларен решила да го задржи надежниот возач на подолг период.
Во исто време, актуелниот договор на тимскиот колега на Пјастри, Ландо Норис е до крајот на 2025 година.
Во тековната сезона Пјастри во моментов има 42 бода и се наоѓа на 11. место во генералниот пласман.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Битола 26 литри дожд на метар квадратен
-

Почнуваат 65-тите Струшки вечери на поезијата
-

Средба на Минчев со српската министерка за јавна администрација Пауновиќ
-

„Дојче Бан“ соопшти дека се обновува железничкиот сообраќај во Германија
-

Официјално претставување на Везилка – Национална фабрика за вештачка интелигенција
-

Оман создаде привремен морски коридор низ Ормуска Теснина
-

Интерпелацијата за Тошковски на пленарна седница
-

СП2026: Инфантино и Трамп ќе го врачат победничкиот пехар
