Мексикански нарко-картел ги предаде членовите на бандата одговорни за киднапирањето на четворица Американци

Мексикански нарко картел ги предаде членовите на бандата за која тврди дека се одговорни за киднапирањето на четворица Американци и се извини за нивната „недисциплина“.
Петмината осомничени за убиството на двајца од четворицата Американци, како и една Мексиканка која случајно се затекнала во престрелката, биле оставени врзани до возилото заедно со рачно напишана белешка, објави лондонски „Тајмс“.
Фотографијата објавена во локалните медиуми ги покажува осомничените како лежат со лицето надолу на тротоар покрај писмото што наводно го напишала фракцијата „Скорпион“ од Заливскиот картел, која доминира во државата Тамаулипас.
Во белешката се тврди дека членовите на бандата ги прекршиле правилата за „почитување на животите и добробита на невините“.
„Одлучивме да ги предадеме директно вклучените и одговорните во настаните, кои цело време постапуваа по сопствена одлука и со недостиг на дисциплина“, се вели во писмото. Во него фракцијата Скорпион им се извинува на жителите на Матаморос каде што беа киднапирани Американците, на една Мексиканка која загина во престрелката и на четворицата Американци и нивните семејства.
Жртвите, кои допатувале од Браунсвил, Тексас, биле нападнати од заседа минатиот петок веднаш по пристигнувањето во Матаморос со автомобил со регистарски таблички од Северна Каролина.
Ново на Сител
-

Цените на нафтата продолжуваат да се намалуваат, типот Брент веќе е под 77 долари за барел
-

Мицкоски: Со маркетите се договара инфлацијата и цените на основните производи да останат под 3 проценти
-

Атлетико сака да ја тужи Барселона поради Алварез
-

Џереми Кларксон за животот по пребродувањето на ракот: Сега пешачам повеќе и јадам вегетаријанска храна
-

Претседателката Сиљановска-Давкова постхумно со Орден „8 Септември“ ќе ја одликува Наде Проева
-

СП 2026: Франција убедлива против Ирак
-

Нестабилно попладне со дожд, грмежи, силен ветер и можен град
-

Л’Екип му се извини на Доку поради коментарот на својата водителка
