Мемеди: Во стабилна состојба детето затруено со таблети, продолжува неговата опсервација

Продолжува опсервацијата на петгодишното дете од Делчево, кое синоќа проголтало две таблети антидепресив за возрасни и потоа било примено на Детската клиника во Скопје.
- Петгодишното дете од Делчево синоќа беше примено на Детската клиника во Скопје со брза помош, со податок за испиени две таблети антидепресив за возрасни. Детете е примено во релативно стабилна состојба, мониторирано, во тек на дежурство со стабилни параметри. Денеска продолжуваме со опсервација на детето до утре, а ако се е во ред, детето ќе биде пуштено дома, изјави за МИА директорот на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје д-р Реџеп Мемеди.
Тој посочи дека скоро секоја недела имаат вакви или слични случаи и апелираше родителите да бидат внимателни каде ги оставаат лековите за возрасни, средствата за хигиена и корозивни супстанци, односно да внимаваат тие да не бидат на дофат на децата.
На Детското одделение во Општата болница со проширена дејност во Кочани синоќа било донесено петгодишно дете од делчевското село Тработивиште, за кое било пријавено дека проголтало неколку таблети.
Од Кочанската болница го потврдија случајот и информираа дека детето било донесено со медицинска придружба од Делчево, било во свесна и контактибилна здравствена состојба, но поради понатамошна контрола и превентива, дежурниот педијатар го препратил на Детската клиника во Скопје.
Според првичните сознанија, петгодишното дете проголтало таблети золпиден, кои се користат за регулирање на сонот кај возрасните, при што се употребува половина таблета.
Ново на Сител
-

Цариници запленија 500.000 евра на Табановце
-

Измамникот од Охрид осуден на 5 и пол години затвор
-

Пазарна утврди дека храната не поскапела, синдикалната кошничка пониска за 54 денари
-

Власта ќе го одблокира заемот од 260 милиони евра што го блокираше СДСМ
-

Денот на пожарникарите скопската бригада го слави со сериозен недостиг на кадар
-

ВМРО-ДПМНЕ бара свикување на Комисијата за финансирање и буџет
-

Царината заплени 500.000 евра
-

Ден на пожарникарството во Македонија
