Мерц по средбата со Макрон: Сите членки на ЕУ мора да ги зголемат издвојувањата за одбраната

Сите членки на Европската Унија мора да ги зголемат своите издвојувања за одбраната, со цел да ги пополнат празнините во одбранбените способности на блокот и да обезбедат постојана поддршка за Украина, истакна денеска новиот германски канцелар Фридрих Мерц.
„Само на овој начин можеме постепено да ги намалиме празнините во нашите способности и колективно да ја поддржиме Украина“, изјави Мерц за новинарите во Париз, на заедничката конференција со францускиот претседател Емануел Макрон, за време на која двајцата лидери ветија нов почеток за Европа предводена од француско-германската соработка.
Германскиот канцелар, исто така, рече дека е потребен траен договор за прекин на огнот во Украина пред да можат да се дадат прецизни детали за безбедносните гаранции.
Посетата на Мерц на Париз е неговото прво патување во странство како канцелар. Како што е најавено, Мерц по Франција ќе ја посети Полска, а наскоро се планира да ја посети и Украина.
Тој денеска изјави дека ќе ги повика претставниците на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да престанат да се мешаат во германската политика.
Ново на Сител
-

Тошковски: Построги казни и зголемување на старосната граница за возење тротинет
-

EСМ в година ќе покрива 70% од потребите за домаќинствата – Ќе плаќаме ли поскапа струја?
-

Николоски најави брза пруга до Солун
-

Мицкоски: Министрите што се уморни чесно е да си одат
-

Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката значи обврска
-

Тошковски: Законски измени за тротинетите
-

Постарите лица имаат потреба од нега
