Мерц: Средба меѓу Путин и Зеленски ќе има во следните две недели
Рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се сретнат во рок од две недели, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц, повикувајќи се на телефонскиот разговор меѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, јави ДПА.
„Американскиот претседател разговараше по телефон со рускиот претседател. Тие се согласија дека ќе има средба меѓу рускиот и украинскиот лидер во наредните две недели“, рече Мерц пред новинарите.
Тој додаде дека останува неизвесно дали Путин ќе има храброст да учествува на ваква средба и нагласи дека ќе биде потребно убедување.
Мерц, кој беше дел од европската делегација на разговорите во Вашингтон со Трамп и Зеленски, истакна дека Украина не смее да биде притискана да отстапува територии.
– Барањето на Русија Украина да предаде делови од Донбас е исто како САД да мораат да се откажат од Флорида, порача германскиот канцелар.
МИА
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: 24 години по рамковниот – заедно сме посилни
-
Активни три пожари на отворено во Македонија
-
Со новата методологија за финансирање на основното и средното образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Топлотниот бран ги разгоре пожарите: Најтешко се гаснат пламените јазици кај Јасен
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Преглед на вестите од светот