Мерка притвор за 33 осомничени за трговија со токсичен отпад во Драч, 20 уапсени, по 13 се трага

Албанската полиција уапси 20 лица, а по 13 се трага, поради вмешаност во трговија со токсичен отпад од Албанија за Тајланд.
-Апсењата се по повеќе од една година откако канцеларијата на обвинителот во Драч отвори истраги за 102 контејнери натоварени на бродот Moliva „XA443A“ во пристаништето Драч, а потекнува од челичарница „Курум“ во Елбасан. Според обвинителството се издадени 33 налози за апсење поради вмешаност во трговија со токсичен отпад, вклучувајќи царински работници, бизнисмени кои управуваат со компанијата и вработени во Националната агенција за животна средина, објави Топ чанел.
Од издадените мерки 26 се „затворски притвор“, додека седум мерки се „куќен притвор“ а кривичните дела за кои се сомничат вклучуваат трговија со забранета стока, злоупотреба на службена должност и перење пари.
-Полицијата соопшти дека се трага по 13 осомничени, меѓу кои тројца турски државјани и еден Германец. Вкупно 2.800 тони сомнителен опасен отпад спакуван во 102 контејнери беше вратен во земјата на потекло, Албанија, на 27 октомври 2024 година, преку италијанското пристаниште Џоја Тауро, наведува телевизијата.
По налог на Обвинителството полициските рации почнале вчера откако лабораториската анализа потврдила дека материјалите, вратени во Албанија во 2024 година, биле токсични.
Царинските документи покажаа дека во пратката имало токсичен отпад кога ја напуштила Албанија кон Тајланд. Но, пратката била одбиена откако една еколошка група тврдела дека содржи нелегален токсичен отпад, принудувајќи ја да се врати во Албанија.
Еколошките активисти велат дека индустрискиот отпад често го испраќаат западни земји за да се преработи во Азија и Африка, глобална трговија за која тие проценуваат дека може да вреди до 82 милијарди долари годишно.
Фирмата „Курум“ е турска компанја, откако беше приватизиран познатиот металуршки комбинат во Елбасан.
Ново на Сител
-

МВР: Во тек е постапката за формирање на Национален комитет за заштита на новинари
-

Зеленски: Датумот или локацијата на новата рунда мировни преговори би можеле да бидат променети
-

ССМ најавува блокади од следната недела ако не се зголемат платите
-

Со уметност, емоција и солидарност официјално беше отворена Фондацијата „Фросина Кулакова“
-

Продолжуваат врнежите, в недела снег и на пониските места
-

Трипуновски: Фармерот Никола од струмичко ќе се обесштети
-

СДСМ: Владата да најде пари за 600 евра минималец
-

МЕРМС: Рекордни приходи од концесиски надоместоци за експлоатација на минерални суровини во 2025 година
