Македонија
13. February 2021 - 16:43
Мерко контра УНЕСКО: Стружани имаат право да градат и легализираат
Препораките на Унеско кои предвидуваат забрана за градење и уривање на сите дивоградби во заштитениот појас се со цел охридскиот регион да не е најде на листата на загрозени подрачја се неприфатливи за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Тој тврди дека Планот за управување со природното и културно наследство го кочи функционирањето на општината.
Мерко останува на ставот дека во заштитена зона долж струшкото крајбрежје нема диви градби.
Бројот на барања за легализирање на нелегалните градби во Струга е голем, но според градоначалникот Мерко се однесува на доградби и надградби и најави дека во име на туристичкиот развој планира да го уредува и доградува градот.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
