Loading Video...
Фудбал
12. December 2022 - 19:54
Меси или Модриќ, кој ќе игра второ мундијалско финале
СЕ одбројуваат последните денови на СП во фудбал што се игра во Катар. Следните два дена треба да ги дадат учесниците во големото финале кое се игра в недела.
Во првата пресметка утре Хрватска ќе игра против еден од фаворитите на шампионатот Аргентина предводена од најдобриот фудбалер на денешницата Лио Меси.
Многумина пред утрешната средба изјавија дека Меси заслужува да ја заврши кариерата со светска титула како трофеј кој му недостасува да биде најголемиот. Но сигурно свои сметки има и неговиот ривал од Реал Мадрид Лука Модриќ кој успеа да ја однесе Хрватска до едно финале. И за капитенот на коцкестите ова животна шанса да се нареди меѓу најголемите доколку ја искачи Хрватска на врвот.
Ќе биде тоа пресметка на две репрезентации кои добро се познаваат , играчи кои одиграле многу средби меѓу себе како лидери на Барселона и Реал но и на другите европски клубови. Хрватскиот селектор Златко Далиќ вели дека притисокот е многу поголем врз противникот.
Интересно е што Аргентина и Хрватска досега одиграле 5 меѓусебни средби на кои двете селекции забележале по две победи со еден нерешен резултат.
За Меси Хрватска е пријатно сеќавање бидејќи првиот од 95-те репрезентативни голови ги постигна токму против оваа селекција во пријателски натпревар и затоа посакува гол за победа и пласман во големото финале.
На спротивната страна Хрватите собираат самодоверба од мечот од мундијалот во Русија од пред 4 години кога убедливо со 3-0 ги торпедираа гаучосите и стигнаа потоа до големото финале кое го загубија од Франција. Да не заборавиме во игра се и пеналите каде Хрватска го има фантастичниот Ливаковиќ.
Во второто полуфинале во среда играат Франција и Мароко.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->